Телото на Конингс го откриле шетачи во близина на местото Дилсен Стокем. Според првичните информации, тој извршил самоубиство.
46-годишниот Конингс, кого медиумите го нарекоа „белгискиот Рамбо“, исчезна на 17 мај, откако од две воени касарни, во кои бил стациониран, украл четири противтенковски ракетни фрлачи, митралез и пиштол.
Во пораката која ја оставил зад себе напишал имиња на 10 лица кои сака да ги ликвидира. На листата наводно биле главниот белгиски виролог Марк ван Ранст и министерката Лидивин Дедонде.
По Конингс беше придвижена масовна потрага за време на која полицијата и војската прочешлале големи делови од националниот парк.
VRIENDIN JURGEN CONINGS ZATERDAG NOG ALS VERDACHTE OPGEPAKT!
In het onderzoek naar Jürgen Conings werd de vriendin van de voortvluchtige militair zaterdag nog gearresteerd door de federale gerechtelijke politie.
De vrouw werd verhoord als verdachte…#jurgenconings pic.twitter.com/c1pO3OWUvk— De Vlaamse Gazet (@RedactieGazet) June 20, 2021
Тој зад себе имал три децении воена кариера, како експерт снајперист, пред на Фејсбук да почне да објавува закани и расистички коментари. Поради тоа бил дисциплински казнет, но и понатаму му било дозволено да работи со оружје.
Дури по неговото исчезнување се дознало дека Конингс бил на листата на воено разузнавачката служба како десничарски екстремист. Тој, исто така, од страна на службата која ги проценува терористичките ризици, бил класифициран како опасен.
Тогаш во белгиската јавност беше отворено прашањето како таков човек можел да има пристап до оружје.






