четврток, 26 март 2026

Медведев му се потсмева на Трамп

Поранешниот руски претседател, премиер, а сега заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, одговори на приговорите на американскиот претседател Доналд Трамп со објава на социјалната мрежа Телеграм.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Медведев напиша дека Трамп „ја забранил социјалната мрежа Трут соушл да работи во Русија“. А потоа почна да ја оправдува агресијата против Украина.

„Ако зборовите на поранешен руски претседател предизвикуваат таква нервозна реакција кај големиот и моќен американски претседател, тогаш тоа значи дека Русија е во право и ќе продолжи по својот пат“, напиша Медведев.

Потоа Медведев се осврна на зборовите на Трамп за „опасна територија“ и „мртви економии на Индија и Русија“. Тој му се потсмеваше на американскиот претседател и прикриено се закани со нуклеарна војна.

„Што се однесува до тврдењата за „мртвата економија“ на Индија и Русија и за „чекорење на опасна територија“ – нека се сети на своите омилени филмови „живи мртовци“ и колку опасна може да биде легендарната „мртва рака“, напиша Медведев, додавајќи емотикон кој се смее на крајот од објавата.

Терминот „мртва рака“ алудира на таен полуавтоматизиран руски команден систем дизајниран да ги лансира нуклеарните ракети на Москва доколку нејзиното раководство е неутрализирано во напад на командниот врв од непријател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ