Макрон призна дека Франција не ја извршила својата должност кон групата борци познати како Харкиси, јавува Би-би-си.
Многумина живееле во лоши услови зад бодликави жици откако владата одбила да го признае нивното право за престој во Франција, пишува Франс прес.
Оние кои останале во Алжир се соочиле со дивјачки одмазди како соработници.
Зборувајќи пред публика на Харкиси и нивните потомци во Париз, Макрон вети закони за репарација, како и споменик.
„Во име на Франција, им признавам на Харкисите и на нивните деца дека Републиката им останала должна. На борците сакам да им изразам благодарност“, кажа Макрон.






