понеделник, 1 јуни 2026

Макрон: Француската морнарица запре танкер што отплови од Русија, избегнувањето санкции е неприфатливо

Француската морнарица го запре „Тагор“, уште еден танкер под меѓународни санкции што отплови од Русија, изјави утрово францускиот претседател Емануел Макрон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Операцијата е спроведена вчера, во Атлантскиот Океан, на отворено море, со поддршка на неколку партнери, вклучувајќи го и Обединетото Кралство, и во строго почитување на поморското право, напиша Макрон на мрежата Икс.

Тој додаде дека е неприфатливо бродовите да избегнуваат меѓународни санкции, да го кршат поморското право и да ја финансираат војната што Русија ја води против Украина повеќе од четири години.

Макрон рече дека овие бродови, кои ги игнорираат дури и најосновните правила за навигација, претставуваат закана и за животната средина и безбедноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ