сабота, 25 април 2026

Лондон нема да ја признае талибанската влада, но мора да ја прифати ситуацијата

Објавено на

часот

Сподели

„Не ги признаваме талибанците како влада, но важно е директно да се комуницира со нив“, изјави Раб, а пренесува Ројтерс.

Тој кажа дека треба да се причека, за да се види дали талибанците ќе ги исполнат ветувањата околу почитувањето на човековите права.

Лондон одобри повеќе од 41 милион долари како хуманитарна помош на земјите во соседството, кои би можеле да бидат соочени со бран бегалци.

Британскиот премиер Борис Џонсон претходно најави дека Британија ќе ја поддржи авганистанската влада со над 100 милиони фунти развојна помош оваа година, како и 58 милиони фунти за авганистанските безбедносни сили.

Вкупно 150.000 британски војници беа ангажирани во Авганистан во изминатите 20 години, а 457 загинаа, што е поголема стапка на смртност во однос на британскиот ангажман во Ирак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ