недела, 7 јуни 2026

Курти води на изборите во Косово, но нема да може сам да формира влада

Движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти води на парламентарните избори во Косово со 42,3 проценти, по преброени 54,9 проценти од гласовите, покажуваат делумните официјални резултати од Изборната комисија на Косово.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Излезната анкета спроведена денес од телевизијата Пипос за Клан Косова претходно покажа дека движењето Самоопределување води на изборите со 42,3 проценти, објави Ројтерс.

Според првичните проценки, Самоопределување, и покрај високата стапка на апстиненција на изборите, постигна убедлива победа, но според излезните анкети, овој резултат е значително понизок од оној постигнат на минатите избори, кога освои 51 процент.

Според анкетите објавени од трите главни медиуми во земјата, Самоопределување нема да може само да формира следна влада, според агенцијата Франс Прес.

Денешните предвремени парламентарни избори се трети за нешто повеќе од една година, откако партиите не успеаја да постигнат договор за избор на нов претседател на државата.

Овие предвремени избори беа распишани бидејќи косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател во уставниот рок по завршувањето на мандатот на претседателката Вјоса Османи.

Политичката и институционалната криза во Косово се продлабочи по парламентарните избори во февруари минатата година, кога, и покрај убедливата победа на Самоопределување, следеа бројни неуспешни обиди за конституирање на парламент и формирање влада.

Според државната изборна комисија, на изборите во недела учествуваа 21 политичка партија или сојуз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ