Коментирајќи ја изјавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека не му е јасно како косовските Албанци имаат право на независност, а Република Српска нема, Изетбеговиќ кажа дека Вучиќ многу добро го знае одговорот на тоа прашање, пренесоа сараевските медиуми.
„Државата Србија докажа дека нема право да владее со Косово. Тие тоа самите си го направија. Косово беше автономна област, додека Република Српска е еден од ентитетите во БиХ, благодарение на уставот кој утре може да биде сменет, а не Дејтонскиот мировен договор. Тие две не можат да се споредуваат“, кажа Изетбеговиќ.
За односот на Србија кон БиХ, Изетбеговиќ кажа дека е познато дека српската страна предводена од Слободан Милошевиќ и Радован Караџиќ „од несрби етнички исчисти половина од територијата на БиХ“.
„Србија во БиХ направи логори, силуваше и убиваше, ги избриша трагите на постоење на другите два народи. Истата таа страна и режимот истото зло го направи и на Косово и на БиХ. Немаат историски, морални ниту правни факти на кои можат да се повикаат и да ги изедначат правата на Србите во БиХ и на Албанците на Косово“, наведе лидерот на СДА.
Тој кажа и дека Србија би требало да доживее катарза и конечно да се соочи со она што го направила. Додаде дека Србија би требало да се извини и на БиХ и на Косово.






