четврток, 4 јуни 2026

Хезболах го отфрли прекинот на огнот со Израел, поддржан од САД

Милитантната група Хезболах денеска соопшти дека го отфрла договорот за прекин на огнот со Израел, кој беше поддржан од Соединетите Американски Држави.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Групата во соопштението наведува дека „официјално го информирала либанскиот претседател Џозеф Аун за отфрлањето на договорот, инсистирајќи дека секој прифатлив договор мора да започне со целосно повлекување на Израел од целата либанска територија“, пренесува Скај њуз.

Хезболах додаде дека враќањето на раселените жители, напорите за реконструкција и ослободувањето на либанските затвореници ги смета за „неопходни услови за каков било иден договор“.

Милитантната група поддржана од Иран не беше дел од разговорите за постигнување договор за прекин на огнот, објави Скај њуз.

Израел и Либан се согласија да спроведат прекин на огнот, објави претходно денес администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Двете земји, исто така, издадоа заедничка изјава за договорот за прекин на огнот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ