понеделник, 1 јуни 2026

Хаос на патиштата во Бејрут, луѓето бегаат по наредбата на Нетанјаху за воздушни напади (ВИДЕО)

Во либанскиот главен град денес владее хаос. Километарски редици и сообраќајни метежи се формираа на патиштата, додека жителите панично се обидуваат да ги напуштат јужните предградија на Бејрут пред израелската војска да ги започне најавените воздушни напади.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Речиси идентични сцени беа видени во градот на почетокот на март, кога Израел ја започна својата последна офанзива против Хезболах.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди напади врз Бејрут, прогласувајќи ги за „одговор на повторените и континуирани прекршувања на прекинот на огнот во Либан од страна на терористичката организација Хезболах“.

И покрај формално прогласеното примирје, Израел значително ја прошири својата воена офанзива во земјата во последните денови, а серија нови наредби за евакуација издадени од неговата војска сега опфаќаат околу 15 проценти од територијата на целиот Либан.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека „нема да биде мирно во Бејрут“ ако продолжат нападите на Хезболах и најави воспоставување зона под целосна израелска воена контрола во областа на реката Литани во јужен Либан.

„Дахије во Бејрут не се разликува од заедниците во северен Израел – ако нема мир на север, нема да има мир ни во Бејрут“, се вели во официјалното соопштение од канцеларијата на министерот Кац. Тој се осврна на јужните предградија на либанската престолнина, силно упориште на Хезболах, за кое тој и премиерот Бенјамин Нетанјаху претходно денес издадоа наредба за воздушни напади.

„Во исто време, ИДФ продолжува со интензивните борбени и маневрирачки операции против терористите на Хезболах и нивната инфраструктура во Либан… Сето ова го правиме за да ја елиминираме заканата за нашите сили и народот на Државата Израел и да ја трансформираме областа околу реката Литани во зона под безбедносна контрола на ИДФ, целосно исчистена од оружје и терористи“, заклучи Кац.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ