Како засега единствениот и главен клиент на вакцината на компнијата Кјурвак, Европската Унија резервирала околу 405 милиони дози во ноември, по што следел меморандум за разбирање со Германија за дополнителни 20 милиони дози, објави Ројтерс.
Компанијата соопшти дека за време на студијата биле застапени најмалку 13 варијанти на вирусот, наведувајќи дека оригиналната верзија на коронавирусот, која се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на 2019 година, во овие тестови речиси целосно била отсутна.
Акциите на Кјурвак, кои се во оптек во САД, паднаа за 48 отсто, на само 49 долари.






