Првиот круг на локалните избори доаѓа по тешки година и пол ограничувања, полициски час и карантин поради пандемијата на коронавирусот и се предизвик за претседателот Емануел Макрон, а проекциите покажуваат дека неговата партија нема да освои ниеден од 13-те региони на континентална Франција, пишува Ројтерс.
Лидерката на десничарскиот Национален совет Марин ле Пен според анкетите е рамо до рамо со Макрон, пренесува Политико.
Анкетите покажуваат дека одѕивот на регионалните избори би можел да биде на рекордно ниско ниво од околу 40 отсто.
Социјалистите и конзервативните републиканците, кои доминираа со француската политика до поразот во 2017 година, и понатаму добро се држат на регионално ниво.
Секој од нив во моментов ја држи власта во пет региони, од вкупно 18.
Според најновите анкети, Националниот совет е во позиција да ја освои власта во најмалку еден регион, што би било првпат во историјата на Франција.
Многумина во Франција го гледаат регионалното гласање како чекор кон Елисејската палата за Марин ле Пен, која во 2017 година на изборите изгуби токму од Макрон.






