сабота, 25 април 2026

ЕУ тешко до воена автономија

Објавено на

часот

Сподели

Избрзаната операција откако талибанците ја преземаа власта ја покажа зависноста на ЕУ од нејзиниот сојузник. Без американска помош, европските држави не би можеле да им гарантираат безбедно излегување на своите граѓани, па дури ни на војниците.

Напорите на ЕУ да оформи сили за брзи дејства се парализирани повеќе од деценија иако во 2007 беше создаден систем на борбени групи од 1.500 припадници кои никогаш не се користени поради споровите околу финансирањето и недостигот од војска за распоредување.

Меѓутоа, повлекувањето на силите предводени од САД од Авганистан повторно ја актуелизираше темата.

„Понекогаш се појавуваат настани кои се катализатори на историјата, кои прават пробив, и мислам дека Авганистан е еден од тие случаи“, кажа шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел вчера во Словенија. Тој додаде дека се надева на план во октомври или ноември.

Борел го повика блокот да оформи сили за брзо распоредување од пет илјади припадници, за да се намали зависноста од САД.

Дипломати кои присуствувале на состанокот кажале за Ројтерс дека нема одлука за понатамошниот пат и дека ЕУ не може да се договори околу тоа колку брзо да одлучи за одобрување на мисија, а да не ги вклучи сите 27 членки, нивните национални парламенти и оние кои сакаат зелено светло од Обединетите нации.

Предлогот на Германија, една од најголемите воени сили во ЕУ, но историски неволна своите трупи да ги праќа во борба, би зависел од заедничка одлука на блокот, но не нужно од сите членки кои распоредуваат сили, пишува Ројтерс.

„Во ЕУ, коалиции на партнери би можеле да дејствуваат по заедничка одлука на сите“, објави германската министерка за одбрана Анагрет Крамп Каренбауер на Твитер.

Ројтерс наведува дека силите за брзи дејства се поизгледни по излегувањето на Британија од блокот. Британија, една од главните европски воени сили заедно со Франција, беше скептична кон заедничка воена политика.

Словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин предложи сили за брзи дејства од пет илјади до 20 илјади војници, но распоредувањето да не зависи од едногласна одлука на 27 членки на ЕУ.

„Ако зборуваме за европски борбени групи, проблемот е што тие, поради консензусот, речиси никогаш не се активираат“, кажа Тонин. Словенија во моментов претседава со ЕУ.

„Можеби решението е да смислиме механизам каде класично мнозинство ќе биде доволно и оние кои сакаат ќе можат да тргнат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ