Ова ќе се однесува на оние мигранти кои примале социјална помош три до четири години и кои не го совладале доволно данскиот јазик.
Данската премиерка Мете Фредериксен рече дека тоа е директно наменето за жени кои по потекло не се од Запад, но живеат од социјална помош.
Во вторникот, таа го претстави реформскиот пакет што, меѓу другото, вклучува одредба за задолжителна работа за долготрајно невработени.
За да продолжат да примаат социјални бенефиции, долготрајно невработените лица ќе треба да одработат 37 часа општествено корисна работа, како што е собирање ѓубре, секоја недела.
Мерката е насочена првенствено кон имигрантите кои имаат потешкотии да влезат на пазарот на трудот.
Доколку предлогот добие мнозинство во парламентот, локалните власти ќе бидат задолжени да им распределат работа на невработените.
Претседателот на Националната асоцијација на општини, Џејкоб Бундсгард, во средата рече дека се сомнева дека социјално поволната работа за невработените мигранти е вистинското решение, објави данското радио. „Од искуство велиме дека ова не овоможува полесно вработување“.
Данска во последниве години ја заостри имигрантска политика неколку пати. Сега има некои од најстрогите правила во Европа и сака да ги сведе барањата за азил на нула.






