Најмногу несреќи при работа имало во Преработувачката индустрија 33, по што следуваат градежништвото 15, јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување 12, дејности на домачќинства како работодавачи и кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби 11, административни и помошни услужни дејности 10, транспорт и складирање 9…

Посебен осврт во извештајот е даден на трагични настани кои ја одбележаа годината, вклучително и пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, кој, истакнува Здружението, дополнително ја нагласи важноста од доследно почитување на прописите за безбедност, управување со ризици и ефективен инспекциски надзор.
Токму затоа, анализата на повредите треба да ја користиме како алатка за учење, а не за критика. Веруваме дека секоја несреќа може да се спречи со правилно планирање, соодветна обука и постојана будност, велат од Македонското здруженение за заштита при работа.

Оттаму порачуваат дека безбедноста и здравјето при работа не се избор, туку обврска.

Секој работник има право да се врати дома безбедно, а секој работодавач има должност да го обезбеди тоа, истакнува Македонското здруженение за заштита при работа.
По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, Советот за безбедност и здравје при работа денеска во Скопје организира настан поддржан од проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“.
Целта на проектот е намалување на повредите и заболувањата на работните места преку зајакнување на законската и регулаторната рамка, модернизација на трудовата инспекција, воспоставување национален информациски систем за безбедност и здравје при работа и унапредување на националните капацитети во оваа област. Се спроведува од Меѓународната организација на трудот (МОТ), со финансиска поддршка од Европската Унија и ќе трае до октомври 2028 година.
Подигнување на јавната свест за важноста на безбедните и здрави услови за работа како предуслов за достоинствен труд, поголема продуктивност и одржлив економски развој, е една од клучните пораки на проектот, кој има за цел да придонесе кон современа и превентивна национална рамка за безбедност и здравје при работа, усогласена со стандардите на МОТ и ЕУ.
Во рамки на настанот предвидени се обраќања од претставници на институциите, Европската Унија, МОТ, работодавачите, синдикатите и Советот за безбедност и здравје при работа, како и стручни излагања и работилница посветени на психосоцијалните аспекти на работата, стресот и менталното здравје на работниците, како и на потребата од создавање здрави психосоцијални работни средини.
МИА






