Беркоу, кој се судри со премиерите Борис Џонсон и Тереза Меј поради нивниот пристап кон брегзитот и постапувањето кон парламентот, кажа за весникот Обзервер дека сега верува дека Конзервативната партија е „назадна, популистичка, националистички, а понекогаш дури и ксенофобна“.
Како спикер од 2009 до 2019 Беркоу го привлече вниманието на инаку невпечатливата улога со своите препознатливи повици на ред, острите реплики и одлуки кои некои ги оценуваа како пристрасни.
Многу конзервативци и поддржувачи на брегзитот сметаа дека му недостигаше политичката неутралност која ја бара позицијата претседател на парламентот.
Беркоу за Обзервер кажа дека сега сака да ѝ помогне на Лабуристичката партија да го смени Џонсон од функцијата.
„Мотивиран сум од поддршката за еднаквоста, социјалната правда и интернационализмот. Тоа е мотото на лабуристите. Заклучокот до кој дојдов е дека оваа влада треба да се смени“, кажа тој.






