сабота, 25 април 2026

Борел: ЕУ ќе соработува со талибанците под строги услови

Објавено на

часот

Сподели

„За да го поддржиме авганистанското население, ќе мора да се поврземе со новата влада во Авганистан, што не значи признавање. Тоа е оперативен ангажман“, рече Борел на прес-конференција во Блед, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека овој ангажман ќе се интензивира во зависност од однесувањето на владата во Кабул, односно од фактот Авганистан да не служи како „база за извоз на тероризам во други земји“ и да ги почитува човековите права, владеењето на правото и медиумите.

Според него, Авганистан, исто така, ќе мора да формира инклузивна, репрезентативна преодна влада, да обезбеди слободен пристап до хуманитарната помош и да дозволува странските државјани и Авганистанците да ја напуштаат земјата.

Борел нагласи дека ЕУ има цел да ги координира своите контакти со талибанците преку заедничко присуство на ЕУ во Кабул за да ги следи евакуациите и да обезбеди дека новата авганистанска влада ќе ги исполни обврските како што се безбедноста и човековите права.

„Одлучивме да работиме координирано, да ги координираме нашите контакти со талибанците, вклучително и преку заедничкото присуство на Европската Унија во Кабул, доколку се исполнети безбедносните услови“, рече Борел.

Тој додаде дека ЕУ, исто така, ќе се обиде да го координира ангажманот со партнерите во регионот, во областите како што се миграциските текови и организираниот криминал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ