Бајден „утре ќе даде до знаење дека не верува во поимот нова студена војна со свет поделен на блокови“, кажа неименуваниот функционер во контекст на ривалството меѓу Вашингтон и Пекинг.
Американскиот претседател „верува во силна, интензивна и принципиелна конкуренција“, додаде истиот извор.
Бајден, кој предизвика критики со управувањето со повлекувањето на силите од Авганистан и предизвика дипломатска криза со Франција поради големиот договор за вооружување на Австралија, заминува во Њујорк со говор за единство, истакна функционерот.
Според него, Бајден сака на меѓународната заедница да ѝ даде до знаење дека го „затворил поглавјето за војна“ и дека отвора поглавје посветено на ефикасна и решителна американска дипломатија која ќе соработува со сојузниците и партнерите во решавање на проблемот.
Функционерот потврди дека Бајден иницирал разговор со францускиот колега Емануел Макрон и дека американскиот претседател „едвај го чека тој телефонски разговор“.
Француските власти ги обвинија САД дека без претходна консултација склучиле стратегиско партнерство со Британија и Австралија, што доведе до раскинување на вредниот договор за австралиска нарачка на француски подморници.






