сабота, 25 април 2026

Бајден нареди декласификација на документите за истрагата за 11 септември

Објавено на

часот

Сподели

Повикувајќи се на „предизборното ветување“, Бајден ја „потпиша извршната одредба со која му наредува на министерството за правосудство и сите надлежни агенции да ја преиспитаат доверливоста на документите во врска со истрагата за нападите на 11 септември“, соопшти Белата куќа.

Министерот за правосудство треба да ги објави декласифицираните документи „во следните шест месеци’.

Семејствата на жртвите на терористичките напади на 11 септември 2001 почнаа правна битка против Саудиска Арабија и други земји обвинувајќи ги за соучесништво.

За време на таа постапка, американските влади кои се менуваа по тоа, се повикуваа на државна тајна за да не објават некои документи.

Темата е чувствителна, додека САД се подготвуваат за одбележување на дваесеттата годишнина од нападите врз Светскиот трговски центар и Пентагон, а Бајден треба да присуствува на одбележувањето во Њујорк.

На почетокот на август семејствата на жртвите, преживеаните и припадниците на спасувачките екипи објавија писмо во кое кажаа дека претседателот на САД нема да биде добредојден на комеморацијата „ако не го исполни ветувањето“.

Во писмото бараат објавување на сите документи кои, сметаат потписниците, ја откриваат вмешаноста на Саудиска Арабија во нападите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ