сабота, 25 април 2026

Антиваксери упаднаа во студио на словенечката државна телевизија, пренесуваа во живо (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Демонстранти со недели протестираат пред зградата на јавниот сервис негодувајќи околу сè што е поврзано со пандемијата на коронавирусот.

Предводени од Ладислав Троха, противејќи се на мерките за ограничување на ширењето на вирусот, демонстрантите вчера околу 20:30 часот при упадот во словенечката државна телевизија делеле летоци на кои бараат „безбедни школи и факултети без узди“, како што ги нарекуваат маските.

Новинарката Барбара Видмаер објави на Твитер снимка од упадот, а движењето на Троха на својот профил на Фејсбук во живо го пренесувало упадот во телевизијата.

Морала да интервенира и полицијата која, како што пренесуваат словенечките медиуми, објави дека некои демонстранти, кои инаку присуствувале на пријавените демонстрации, влегле во зградата на државната телевизија. „Не се држеа до наредбите на лицата одговорни за безбедност што доведе до интервенција на полициските службеници кои го обезбедуваат јавниот ред“, соопшти словенечката полиција.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денес го осуди упадот на демонстрантите антиваксери во зградата на словенечката државна телевизија.

Упадот во зградата на РТВ Словенија или која било јавна зграда нема никаква врска со слободата на изразување туку претставува насилство над таа слобода, напиша Јанша на Твитер.

„Треба да се направи сè за секое самоволно и насилно присвојување на јавниот простор да се осуди и казни, по еднакви критериуми, секогаш и секаде“, додаде Јанша.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ