„Имав продуктивен разговор со израелскиот премиер Биби Нетанјаху и нема да има војници што одат на Бејрут, а оние што биле на пат веќе се вратиле“, напиша Трамп на својата мрежа Трут соушал.
Тој додаде и дека имал „многу добра“ размена со Хезболах преку посредници, додавајќи дека проиранската група „целосно ќе го прекине огнот“.

„Израел нема да ги нападне, а тие нема да го нападнат Израел“, напиша американскиот претседател.
Претходно, Нетанјаху ја објави одлуката за напад врз јужните предградија на либанскиот главен град, што предизвика загриженост кај жителите и го наруши секојдневниот живот.






