четврток, 16 април 2026

Такер Карлсон: Религијата на Трамп очигледно не е христијанство, туку израелизам (ВИДЕО)

Американскиот конзервативен коментатор Такер Карлсон го презентираше својот став за религиозните верувања на американскиот претседател Доналд Трамп. Според Карлсон, главната лојалност на Трамп не е кон христијанството, туку кон одбраната на Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Која е религијата на Доналд Трамп? Очигледно не е христијанство. Тоа е израелизам. Тоа е одбраната на Израел“, оцени Карлсон. Изјавите на Карлсон доаѓаат откако конфликтот меѓу него и американскиот претседател Доналд Трамп се интензивираше пред неколку дена.

Трамп потоа јавно го нападна Карлсон, како и Мегин Кели, Кандис Овенс и Алекс Џонс, обвинувајќи ги дека имаат „низок коефициент на интелигенција“ и дека го поддржуваат Иран. „Ова се глупави луѓе, тие го знаат тоа, нивните семејства го знаат тоа и сите други го знаат тоа“, кажа Трамп, нарекувајќи ги „лудаци, провокатори“ кои бараат внимание преку „евтина промоција“.

Карлсон одговори на неговите напади со долг пост во кој тврди дека Трамп е „во тешка ситуација“ и дека е под силен притисок. „Мејнстрим медиумите никогаш не известуваат за ова, но израелската влада има долга историја на уценување на американски претседатели“, кажа тој, изнесувајќи контроверзни тврдења за наводни примери на притисок од минатото.

Карлсон додаде дека „можноста за таков притисок е доволно застрашувачка за да го држи претседателот буден ноќе“ и дека ова би можело да влијае на неговите одлуки во врска со војната и преговорите со Иран. „Тој е под притисок каков што повеќето луѓе не можат ни да сфатат“, напиша тој.

И покрај острите обвинувања, Карлсон кажа дека не сака да влегува во личен конфликт, но се обидува да објасни во кој контекст се наоѓа американскиот претседател. „Тој не би дозволил тоа да се случи ако неговите лични влогови не беа навистина високи. Се надеваме дека ќе победи“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ