Возилото беше прикажано на 10-от меѓународен сам на вооружување и воена опрема Партнер 2021 на Белградскиот саем.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ свечено го отвори вчера меѓународниот саем Партнер 2021, а го придружуваа синот и сопругата, како и сопругата на неодамна починатиот Лазански.
„Мислам дека Мирослав би се гордеел“, кажа српскиот претседател.

Интеграцијата на висококвалитетни компоненти од светска класа, специјални материјали и технологии, довела до развојот на оклопното возило кое може да се натпреварува со сите светски произведувачи, пишува Спутник.
„Лазански“ е модерно возило со тркала, модифицирана верзија на „лазар 3“. Главната разлика е повеќенаменскиот топ за дејство по жива сила, лесно оклопни возила и утврдувања.
Топот со калибар од 57 милиметри користи исклучително моќна муниција и може да пробие и оклоп на лесен тенк.
Возилото „лазански“ има погон на сите осум тркала и во него може да се сместат до 13 седишта. Новина во однос на „лазар 3“ е целосниот оклоп, без прозорци, како и неспоредливо поголемата убиствена моќ и дострелот до 14 километри.
Мирослав Лазански, по кој е наречено новото српско оклопно возило, почина во август годинава на 71 година. Тој беше новинар, военополитички аналитичар, писател и дипломат.
[video:https://youtu.be/f-CtK6qBrjo autoplay:0] [video:https://youtu.be/FLtOuWZROaU autoplay:0]





