Рускиот заменик министер за одбрана Алексеј Криворучко додаде дека во истиот рок на војската на користење ќе ѝ бидат предадени 65 сериски произведени тенкови Т-90М.
Освен тоа, тој кажа дека 18 борбени средни и тешки дронови и бригади на искандер-М тактичките ракетни системи ќе бидат испорачани „пред рокот“, пренесува Дифенс пост.
Во меѓувреме, министерот за одбрана Сергеј Шојгу откри неделава дека руските сили добиле „околу 200 важни оружени системи“ во првата половина на годината. Меѓу нив има „повеќенаменски борбени летала Ми-8МТПР-1 и хеликоптери Ка-52, 12 радари, мобилни крајбрежни ракетни системи „бастион“ и девет пловила, вклучувајќи го и проект 885М, ракетната подморница Казањ на нуклеарен погон и проект 21631, корветата Грајворон.
Т-14 е најновата верзија на серијата „армата“ и во моментов се тестира на терен. Иако тенкот е со човечки екипаж, повеќето негови функции се „роботизирани“, кажа шефот на руската државна компанија Ростек за ТАСС.
„Екипажот на „армата“ не мора прецизно да нишани, туку само отприлика – електрониката ќе го направи останатото – прецизно ќе го одреди растојанието до метата и ќе ја нанишани“, објасни шефот на Ростек Сергеј Чемезов.
„Всушност, тенкот користи елементи на вештачка интелигенција за да му помогне на екипажот да дејствува врз метата“, додаде тој.
Полнењето, нишанењето и пукање од почетокот до крајот се вршат со помош на вештачка интелигенција, што на екипажот му остава само да ја донесе одлуката да се пука, кажа Чемезов.
Возилото тешко 48 тони има купола без екипаж со топ од 125 милиметри.
Куполата без екипаж им овозможува на војниците да седат во оклопна капсула во самиот тенк наместо крај топот, како кај традиционалните тенкови. Таквата позиција на екипажот му пружа далеку повеќе безбедност од непријателскиот оган.
Тенкот е опремен и со „нуклеарна, биолошка и хемиска заштита, автоматски систем за гасење пожар и лансер на димни гранати“. Новиот систем на активна заштита „Афганит“ го штити возилото од наведувани антитенковски проектили и ракети.
Произведувачот Уралвагонзавод (дел од Ростек) развива и беспилотна верзија на тенкот во ограничен број примероци, која ќе се користи за тестирање „на технологијата без човечки екипаж за други копнени системи“, додаде Чемезов.
Т-14 е заснован на модуларната платформа Армата, која се користи како основа и за други оклопни и борбени пешадиски транспортери.
[video:https://youtu.be/vJyp7d1ANJ0 autoplay:0]





