понеделник, 27 април 2026

Русија се подготвува да тестира крстосувачка ракета на нуклеарен погон (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Фотографиите кои на 16 август ги снимила комерцијалната компанија за сателитско снимка Капела спејс даваат силни индикации дека Русија се спрема да ја тестира крстосувачката ракета на нуклеарен погон на познато лансирно место во близина на Арктичкиот круг, тврдат експерти од Институтот Мидлбери на Меѓународниот центар за проучување на неширењето на нуклеарното оружје, кои ги анализирале фотографиите за Си-ен-ен.

„Неограничен дострел“

Американските функционери се свесни дека Русија би можела да почне уште едно тестирање на проектилот „Буревестник“ во рамки на својата напредна програма за вооружување, вели извор запознаен со темата. ЦИА одбила да коментира, а Пентагон и руското министерство за одбрана не одговориле веднаш на прашањата на Си-ен-ен.

„Користење нуклеарен реактор начелно на крстосувачките ракети би им дало неограничен дострел за лет под и околу радарите и пресретнувачите на американската противракетна одбрана. Постојат, меѓутоа, значајни прашања за тоа дали системот може успешно да функционира, а да не зборуваме за заканата која тестирањето на овој систем ја претставува за средината и здравјето на луѓето“, вели Џефри Луис, експерт за оружје на Институтот Мидлбери.

„Летечки Чернобил“

Тие ризици поттикнаа некои од експертите оружјето да го наречат „Летечки Чернобил“, истакнува Луис, напоменувајќи дека во август 2019 обидите да се најде ракетата која се урна во Белото Море резултираа со експлозија во која загинаа пет руски техничари. Луис тогаш кажа дека сателитските снимки сугерираат дека инцидентот би можел да биде поврзан со развојот на крстосувачки проектили на нуклеарен погон.

[video:https://youtu.be/KWn1hXWpEDc autoplay:0]

Русија во ноември 2017 изврши најмалку еден пробен лет на крстосувачка ракета на нуклеарен погон од истото место во близина на Арктичкиот круг. Москва во следните месеци наводно извршила повеќе други тестови, но ниеден не се сметаше за успешен. Во март 2018 рускиот претседател Владимир Путин објави снимка од тестирање на крстосувачки ракети на нуклеарен погон, која им овозможила на аналитичарите на Институтот Мидлбери да ја идентификуваат локацијата.

Значајно известување за морнарите

Истражувачите во последните месеци го следеле ова место, а сателитските снимки кои во текот на летото ги направила комерцијалната компанија за сателитско снимање Планет покажале дека товарни бродови го посетуваат местото и дека се трупаат резерви. Неодамна Русија им издала известување на морнарите во кое се предупредуваат на опасни операции кои се спровеле од 15 до 20 август во близина на познатиот полигон за тестирање на „Буревестник“ на островот Новаја Земља.

Радарска слика со висока резолуција од 16 август покажала дека рускиот персонал кренал голем магацин за да ги заштити ракетата и екипажот кои се подготвуваат за лансирање од суровото време.

Магацин за ракета

„Кога беше тргнат магацинот, на лансирната рампа се укажа голем објект, што може да биде лансер за ССЦ-Х-9 Скајфол. Покрај лансирната рампа има и значителен број објекти кои се веројатно возила и транспортни контејнери. Ништо од тоа не беше таму кога местото оптички беше снимено во јуни“, кажа Луис.

Русија го модернизираше своето стратегиско нуклеарно оружје и системите за испорака за да им се спротивстави на САД и НАТО, што предизвика страв од нова трка во нуклеарно вооружување бидејќи САД исто така почнуваат да го надградуваат својот нуклеарен арсенал. Иако Москва и Русија во февруари го обновија договорот Нов СТАРТ, набрзо откако американскиот претседател Џо Бајден ја презема должноста, САД се повлекоа од два значајни договори со Русија за контрола на вооружувањето – Договорот за средни нуклеарни сили во 2019 и Договорот за отворено небо во 2020 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ