четврток, 7 мај 2026

Русија изведе успешно лансирање на ракета од новата генерација

Објавено на

часот

Сподели

Ракетата Ангара-А5 полета синоќа од воениот космодром Песецк на северот на земјата, наведе Роскосмос во соопштение.

Шефот на Роскосмос Дмитриј Рогозин на Твитер објави дека лансирањето минало успешно.

Тоа е од 2014 година трето пробно лансирање на ракетата Ангара, која е развиена во рамки на програмата наменета да ги замени застарените ракети носачи Протон чија технологија датира од 1960-тите.

Ангара, која е именувана по река во Сибир, користи почиста технологија и керозинско-кислородни мотори, кои многу помалку загадуваат отколку тие со гориво за придвижување на ракетите Протон.

Меѓутоа, програмата чија идеја е од 1990-тите, сепак доцни и не се исполнети роковите кои се поставени по првата проба во 2014 година.

Рускиот вселенски сектор по распадот на Советскиот Сојуз е погоден од низа скандали околу корупцијата, буџетските кастрења, доцнењата и непријатните технички инциденти.

Секторот во последно време се обидува да покаже подобро лице, објавувајќи, меѓу другото, амбициозни планови за вселенски туризам, како неодамнешното испраќање на јапонски милијардер во орбитата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ