понеделник, 27 април 2026

Разградуваат нафта и дизел: откриени бактерии кои би можеле да го спасат светот

Објавено на

часот

Сподели

Ново истражување на Универзитетот во Калгари во Канада открило дека океански бактерии на делот на Арктикот кој припаѓа на територијата на таа држава се способни за биоразградување на дизел и нафта, пишува Јуроњуз.

Научниците ги нашле „неочекуваните“ микроби во ледените води на Арктикот и за нив велат дека добро би реагирале на излевање на нафта во регионот.

Paraperlucidibaca, Cicloclasticus и Zhongshania, видови бактерии кои живеат во Лабрадорското Море, можат да ги разградат присутните фосилни горива. Го чистат океанот, обезбедувајќи тој да остане витален ресурс.

Коавторот на истражувањето д-р Касеј Хуберт, професор по геомикробиологија на универзитетот, објаснува дека еден од студентите го предупредил на проблемот.

Син Марфи, кој пораснал во регионот, почнал проект откако го препознал сложениот однос кој луѓето од Њуфаиндленд и Лабрадор го имале со нафтата во морето. Таа им носела корист во вид на горива, но заедницата била длабоко загрижена кога во 2010 се случи излевањето на нафтата во Мексиканскиот Залив, бидејќи сфатила со какви последици би можела да се соочи.

Како резултат на тоа, Марфи своето истражување го фокусирал на Лабрадорското Море за да помогне во информирањето за идните стратегии за ублажување на излевањето на нафта, на ниските температури во регионот.

Истражувачите симулирале истекување нафта во океанот така што од земјиштето на Лабрадорското Море земале малку кал, додале солена вода и во неа истуриле нафта, и во следните неколку недели ја следеле ситуацијата. Утврдиле дека бактериите од калта веднаш „се фатиле за работа“ и значително ја исчистиле водата. Ова би можело да биде многу значајно научно откритие ако се утврди дека овие бактерии можат да бидат подеднакво ефикасни во други мориња, како на пример потоплите.

Експериментите се изведени на четири Целзиусови степени, приближно температурата на Лабрадорското Море, и оставени се неколку недели за да видат што ќе се случува.

„Симулацијата покажа дека природно присутните бактерии кои ја разградуваат нафтата претставуваат прв одговор на излевањето на нафта“, вели Хуберт.

Во основа, сите стратегии пред излевањето, на Арктикот или каде било на друго место, ја идентификуваат превенцијата како најважен фактор.

Но плановите за реакција во случај на вонредна состојба се подеднакво важни. Пример за тоа е и лошиот одговор на израелската влада во март годинава, кога нафта во големо количество се излеа на нејзиниот брег. Излевањето на Маурициус минатата година ја загрози безбедноста на островската држава.

Причина за спроведувањето на канадската студија било тоа што во „студените води“ има сè поголема индустриска активност поврзана со поморскиот транспорт на нафта и гас. Затоа откритието на бактериите кои ги јадат фосилните горива се од клучно значење, за зачувувањето на регионот во иднина.

„Оваа област е важна за автохтоните видови (прилагодени на тој регион) кои се хранат од океанот. За разлика од пониските географски широчини, недостига истражување на северот“, додава Касеј.

„Бидејќи климатските промени го продолжуваат периодот без мраз и има сè повеќе индустриска активност на Арктикот, важно е да разбереме на кои начини морските микроорганизми реагираат на излевање на нафта“, вели тој.

Тоа е особено значајно бидејќи регионот е голем и оддалечен, па итна реакција на излевање на нафта би била комплицирана и спора.

Заклучува дека откриените бактерии можат да станат клучни играчи во одговорот на евентуално излевање на Арктикот.

[video:https://youtu.be/vOS3WpNbOTo autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ