вторник, 28 април 2026

Озонската дупка над Јужниот пол сега е поголема од Антарктикот

Објавено на

часот

Сподели

Според Коперникус, големината на озонската дупка над Јужниот пол обично го достигнува максимумот меѓу средината на септември и средината на октомври. Откако во изминатите денови „значително пораснала“, дупката сега е поголема од континентот над кој се надвива.

„Оваа година озонската дупка на почетокот на сезоната се разви како што се очекуваше. Но сега нашите прогнози покажуваат дека дупката еволуира повеќе од вообичаеното“, соопшти директорот на Коперникус Винсент Анри Пош.

Коперникус ја следи озонската обвивка со помош на компјутерско моделирање и сателитски снимки. Иако озонската обвивка покажува знаци на опоравување, од Коперникус велат дека целосно ќе се поправи дури во 2060-тите или 2070-тите, пренесува Си-ен-ен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ