Тестот бил извршен минатата недела од нова исто така локално развиена подморница од 3.000 тони, опремена со шест вертикални лансирни цевки, наведува јужнокорејската агенција, повикувајќи се на неименувани воени извори.
Ракетата е варијантата Хјунмо-2Б, со дострел од 500 километри. Планирано е да се произведува во голем број по следната рунда тестови.
Јонхап наведува дека тестирањата на нови ракети треба да придонесат на спремноста на Сеул во одбраната од Северна Кореја.






