Заговорниците на таквите полуавтоматски машини велат дека ѝ овозможуваат на војската да ги заштити своите припадници, додека критичарите предупредуваат дека тоа е нов опасен чекот кој ќе доведе до тоа роботи да одлучуваат за животот и смртта.
Со роботот на погон на четири тркала управува електронски таблет, а може да биде опремен со две автоматски пушки, камери и сензори, како и да собира разузнавачки податоци за копнените трупи, да ги снабдува, да превезува ранети војници и да изведува напади врз блиски мети.
Тоа е најусовршеното возило без екипаж кое во последните 15 години го произвеле ЕЛТА системи под контрола на државната Аеровселенска индустрија на Израел.
[video:https://youtu.be/JETQsoc-5yc autoplay:0]Израелската војска во моментов користи помало, но слично возило наречено Јагуар за патролирање долж границата на појасот Газа и помага во одржувањето на блокадата на таа територија која Израел ја воведе во 2007 година.
[video:https://youtu.be/8SWcTPbk6Cc autoplay:0]Во појасот Газа живеат околу два милиони Палестинци, а блокада истата година наметна и Египет, па граничната област често е место на протести и повремени обиди на палестинските екстремисти и работници да се уфрлат во Израел.
Возила без екипаж сè повеќе користат и други војски – американската, руската и британската, а нивната задача вклучува логистичка поддршка, отстранување на мините и отворање оган.
Таблетот може рачно да го контролира возилото, но многу функции, вклучувајќи го движењето и системот за надгледување, можат да работат самостојно.
Критичарите предупредија дека таквото оружје може да одлучува самостојно и можеби погрешно да гаѓа цели. Израелската компанијата кажа дека таква можност постои, но не им се нуди на клиентите.
Бони Доерти од Хјуман рајтс воч кажа дека таквото оружје загрижува бидејќи не може, меѓу другото, да разликува цивили од војници.
„Машините не можат да ја сфатат вредноста на човечкиот живот, што всушност го поткопува човечкото достоинство и ги крши законите за човековите права“, кажа Доерти, професор на Харвард која претходно повика целосно да се забрани автоматското оружје со меѓународното право.






