Поради неочекуваниот успех, НАСА неговата мисија ја продолжи „на неодредено“.
Малиот хеликоптер е редовен сопатник на роверот Персевиренс, чија основна мисија е барање на траги од некогашен живот на Марс.
„Сè функционира многу добро“, вели Џош Равич, шеф на инженерската екипа на Инџенуити. „Ни оди подобро од што очекувавме“.
Сомнежите во способноста на хеликоптерот биле разбирливи. На Марс густината на воздухот е една стотина од таа во Земјината атмосфера. За споредба, да се лета со хеликоптер на Црвената планета е еднакво на разредениот воздух на 30 километри над Земјата.
Не било воопшто лесно да се стигне до Марс. Имено, Инџенуити морал да го издржи иницијалниот шок на полетувањето од Земјата, па потоа слетувањето на Персевиренс на Марс по седумнеделното патување по вселената.
Хеликоптерот тежок само 1,8 килограми во новото опкружување морал да ги преживее студените ноќи на Марс, влечејќи топлина само од соларните плочи со кои ги полни своите батерии во текот на денот. Лета наведуван со низа сензори бидејќи петнаесетминутното доцнење на комуникациските сигнали од Земјата оневозможува управување во реално време.
Инџенуити на Марс првпат полета на 19 април, што беше прв лет во историјата контролиран од човечка рака над некоја друга планета освен Земјата.
Надминувајќи ги сите очекувања во воздух беше уште 11 пати. „Може да издржи посилен ветар отколку што очекувавме“, кажа Равич.
„Мислам дека ги остваривме сите свои инженерски цели и ги добивме сите информации на кои се надевавме“, кажа тој.
Инџенуити летал најмногу 12 метри во висина. Вкупно минал 2,7 километри, а последниот лет му траел две минути и 49 секунди.
Сега го испраќаат во извидувачки мисии за Персевиренс, за да утврди по кој пат роверот ќе биде безбеден, но и да го мине оној што е поинтересен, особено геолошки.
По поминатите шест месеци на Марс, малото летало слично на дрон има сè повеќе обожаватели на Земјата и успешно го продава својот „лик“ на маици и шољи.
Како се објаснува неговата долговечност?
„Времето ни одеше од рака. Температурата, ветерот, студот, Сонцето, прашината во воздухот… сето тоа можеше да биде многу полошо“, вели Равич.
Во теорија хеликоптерот би требало да биде оперативен уште некое време, но се приближува зимата на Марс, а тоа ќе биде голем предизвик.
Инженерите на НАСА, кои досега имаат бројни податоци за летовите на Инџенуити, веќе работат на негови наследници од следната генерација.






