Оружјето со големина на бродски контејнер кое се монтира на камион го развиваат компаниите Џенерал атомикс електромагнетик системс (ГА-ЕМС) и Боинг.
„Ова компактно ласерско оружје со голема сила ќе биде најсмртоносното досега“, изјави Скот Форни, претседателот на ГА-ЕМС.
Американската морнарица во 2014 на УСС Понс го постави своето прво високоенергетско ласерско оружје од 30 киловати. Повеќето воени ласери се движат во распон од 30 до 100 киловати, што главно е доволно за соборување помали дронови, така што новото оружје би требало да биде значително посилно.
Обично таквото оружје се темели на повеќе индустриски ласери чиј излез се комбинира во еден зрак. Но, новиот ласер има сосема нова технологија и користи големи стаклени плочи поврзани во серија, пишува Њу сајентист.
Џастин Бронк од британската организација Ројал јунајтед сервисис институт смета дека таквиот ласер може да собори поголеми објекти, како и повеќе мети во низа.
„Со овој ласер би можело да се одбрани од балистички проектили, како и дронови, авиони и хеликоптери“, кажа Брок.






