недела, 19 април 2026

Камала Харис: Нетанјаху го вовлече Трамп во војната

Поранешната потпретседателка на Соединетите Американски Држави Камала Харис изјави дека претседателот Доналд Трамп бил „вовлечен“ во војната со Иран од одлуките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тој влезе во војна во која го вовлече Биби Нетанјаху, да бидеме јасни за тоа, тој влезе во војна во која американскиот народ не ја сака и со тоа ги стави американските војници во опасност“, кажа таа за време на говор во Детроит. Таа го обвини Трамп дека ја користи воената операција „Епски гнев“ како „слаб обид да го одвлече вниманието од досиејата Епстин“.

Таа ја нарече администрацијата на Трамп „најкорумпираната, најбездушната и најнеспособната во историјата на САД“. Таа тврди дека Трамп сака „да се шета како да е силен и да ја користи воената моќ на Америка против секого што ќе го избере“.

„Овој претседател е првиот американски претседател од која било партија по Втората светска војна кој ја напушти одговорноста на Америка да ги негува и заштитува нашите сојузи и пријателства“, предупреди таа.

Таа истакна и дека Трамп е првиот претседател кој „веќе не се преправа, туку отворено ја отфрла важноста на почитувањето на меѓународните правила и норми како што се суверенитетот и територијалниот интегритет“. Поради ова, според неа, САД станале „несигурен партнер“ и „го изгубиле влијанието кое го имале во дискусиите за важни прашања“.

Во својот говор Харис се осврна и на други теми, вклучувајќи го здравството и економијата. Таа порача и дека Демократската партија ќе победи на конгресните избори во ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ