понеделник, 1 јуни 2026

Иран објави снимка од лансирање на проектили на Кувајт со порака до Трамп (ВИДЕО)

Откако рано утринава изврши воздушен напад врз Кувајт, Иран објави пропагандно видео преку своите официјални канали за кое Техеран тврди дека го прикажува моментот кога биле лансирани балистичките ракети.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

На самиот почеток на видеото е прикажан крупен план од трупот на една од ракетите, на кој јасно се гледа налепница со политичка порака. На него се гледа американскиот претседател Доналд Трамп, со модринки и подливи на лицето, како уплашено го држи телефонот и моли за помош.

Позадината на налепницата го прикажува затворениот Ормуски теснец, стратегиски клучен морски премин кој моментално е под двојна блокада, додека преку илустрацијата е порака на арапски и англиски јазик: „Сè додека последниот американски војник не го напушти регионот“.

Видеото брзо се прошири низ социјалните мрежи и прво беше споделено од платформи и медиуми директно поврзани со иранскиот режим, вклучувајќи го и официјалниот Телеграм канал на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ). Оваа објава јасно сугерира дека Техеран го гледа нападот врз Кувајт како директна порака до Вашингтон и континуиран притисок за целосно елиминирање на американското воено присуство на Блискиот Исток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ