Преговарачкиот тим на Иран ќе ги суспендира „преговорите и размената на текстови преку посредници“, објави агенцијата.
Тасним наведува дека ситуацијата во Либан била клучна за прекинот на огнот, што значи дека „тој прекин на непријателствата бил прекршен на сите фронтови, вклучително и во Либан“.
„Нема да има дијалог“ сè додека не се признаат позициите на Иран и Хезболах за ова прашање, наведува Тасним, додавајќи дека иранските претставници бараат запирање на израелската офанзива и целосно повлекување од окупираните територии.
Покрај тоа, Иран сега целосно го блокира Ормускиот теснец, објави Тасним. Техеран претходно тврдеше дека дозволува одредени бродови да минуваат низ клучните поморски патишта под ирански услови.
И теснецот Баб ал Мандеб, кој го поврзува Црвено Море со Аденскиот Залив и Индиски Океан, ќе го блокира „фронтот на отпорот“.
Иран е сојузник на милитантната група хути во Јемен, земја која граничи со тоа поморско тесно грло.






