понеделник, 1 јуни 2026

ЕУ постигна договор за испраќање на нелегалните емигранти во прифатни центри во трети земји

Земјите членки на Европската Унија и Европскиот парламент постигнаа договор за регулативата за враќање на нелегалните мигранти, што ќе им овозможи да бидат испратени во прифатни центри надвор од ЕУ, објави кипарското претседателство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Новата регулатива ќе го забрза процесот на враќање и ќе го зголеми враќањето на луѓе кои немаат законско право да останат во ЕУ“, изјави заменик-министерот за миграција на Кипар, Николас Јоанидес.

Новата регулатива обезбедува правна основа која им овозможува на земјите членки да отвораат центри за враќање во трети земји за луѓето кои немаат право да останат во ЕУ.

Одбиените баратели на азил кои не можат да се вратат во своите земји на потекло ќе бидат испратени во овие центри. Ова би се однесувало во случаи кога матичната земја на мигрантите одбива да го прифати нивното враќање или кога земјата членка на ЕУ нема дипломатски односи со земјата за која станува збор.

Овие центри за враќање можат да служат или како крајна дестинација или како центри за трансфер што го олеснуваат понатамошното враќање во земјата на потекло или друга трета земја. Меѓусебното признавање на одлуките за враќање меѓу земјите членки засега ќе остане доброволно, со повторна евалуација две години по стапувањето во сила на регулативата.

Регулативата го воведува Европскиот налог за враќање, формулар во кој земјите членки ќе треба да ги внесат клучните елементи на одлуката за враќање, што треба да го олесни меѓусебното признавање на одлуките за враќање, бидејќи земјите членки ќе ги имаат потребните информации за да ја признаат одлуката на друга земја членка.

Предвидени се посебни мерки за лицата кои претставуваат безбедносен ризик. Политичкиот договор меѓу Советот и Парламентот сега мора официјално да биде потврден од двете тела на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ