Двајцата шефови на држави денес разговараа на телефон, една недела пред парламентарните избори во Ерменија.
Путин минатата недела го повика Ереван да одржи референдум „што е можно поскоро“, велејќи дека е невозможно Ерменија да го усогласи членството во ЕУ со останувањето во Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), предводена од Москва.
Во видео обраќање објавено денес на Фејсбук, Пашинјан објасни дека би било нелогично да се одржи референдум сè додека Ерменија официјално не аплицира за членство во ЕУ.
Ерменија и Русија, кои делат векови заедничка историја, технички се сојузници. Но, Ереван ја критикува Москва за тоа што не помогнала за време на војната со Азербејџан во 2023 година и сега бара приближување кон ЕУ и Соединетите Американски Држави.
Ерменија го суспендираше своето учество во регионалниот безбедносен пакт со Русија.
Ерменија минатата година донесе закон со кој формално ја објави својата намера да аплицира за членство во ЕУ, продолжувајќи го партнерството воспоставено во 2017 година.
Ова ѝ овозможи на земјата да биде домаќин на европскиот самит во мај, а ЕУ го поздрави како чекор напред во односите меѓу нив.
Од своја страна, Москва со сомнеж гледа на ерменското зближување со Брисел.
Минатиот викенд Кремљ го повика својот амбасадор во Ерменија на консултации, во врска со зајакнувањето на врските меѓу Ереван и ЕУ.
Според Пашинјан, ерменско-руските односи во моментов се во фаза на трансформација.
„Градиме нови односи со Русија и уверен сум дека ќе успееме, особено затоа што нашите односи со Русија се отворени и искрени“, кажа премиерот на Ерменија.






