Епидемијата продолжува да се шири и сега зафати 23 здравствени зони во провинциите Итури, Северен Киву и Јужен Киву.
Ситуацијата е најтешка во провинцијата Итури, која со години се соочува со безбедносни проблеми. Таму се потврдени повеќе од 260 случаи на инфекција.
Здравствените власти предупредуваат дека борбата против епидемијата е попречена од недовербата кај дел од населението, отпорот кон здравствените мерки и ширењето гласини и дезинформации, особено во главниот град на провинцијата Бунија и североисточниот град Низи.
И покрај ова, властите објавија дека четири пациенти се излекувани и отпуштени од Евангелистичкиот медицински центар во Бунија.
Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, вчера ја заврши посетата на Конго, за време на која се сретна со претседателот Феликс Чисекеди за да разговараат за одговорот на епидемијата на ебола предизвикана од сојот Бундибугио.
Здравствените власти и меѓународните партнери отворија нов центар за лекување со 60 кревети во Бунија, додека се во тек испитувања на вакцини.
Портпаролот на владата, Патрик Мујаја, изјави дека аеродромот во Бунија е повторно отворен за редовен сообраќај откако се воспоставени дополнителни системи за здравствен надзор за патниците што пристигнуваат и заминуваат.
Аеродромот беше затворен за целиот сообраќај освен за хуманитарни летови, а властите очекуваат повторното отворање да го олесни доставувањето на помош и опрема за борба против епидемијата.
Тековната епидемија беше официјално прогласена на 15 мај.






