понеделник, 1 јуни 2026

Белгија воведува построги услови за странски студенти

Белгиската влада воведе нови мерки со кои се заоструваат условите за странски студенти кои сакаат да студираат во земјата или да ги продолжат дозволите за престој, објави агенцијата Белга.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Властите велат дека целта е да се спречи можна злоупотреба на системот за студентски визи и дозволи за престој.

Според новите правила, странските студенти ќе мора да покажат побрз академски напредок. Тие ќе мора да освојат најмалку 60 ЕКТС бодови во првите две академски години, а потоа најмалку 40 бодови годишно.

Белгиската влада планира појасно да го дефинира максималното времетраење на различните студиски програми, вклучувајќи ги дипломските студии, специјалистичките програми, сертификатите и докторските студии.

Исто така, сака да ја спречи практиката некои студенти да го продолжуваат својот престој во земјата со често менување на студиските програми.

Се заоструваат и правилата за издавање визи на студенти кои се запишуваат во институции кои не се официјално признати.

Ова важи за одредени уметнички училишта и приватни бизнис училишта кои немаат соодветно одобрение од белгиските власти.

Белгија со тоа се приклучува на голем број европски земји кои во последните години ги заострија условите за странски студенти, обидувајќи се да ја ограничат злоупотребата на студентските визи како начин за долгорочен престој во Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ