среда, 27 мај 2026

Белата куќа: Извештаите за договор со Иран се целосна измислица

Белата куќа објави дека извештаите на иранските медиуми за можен меморандум за разбирање за завршување на војната се „неточни и целосна измислица“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Имено, иранската државна телевизија денес објави дека Техеран добил нацрт на почетна, неофицијална рамка за меморандум за разбирање со Соединетите Американски Држави за завршување на нивниот конфликт. Според тој документ, Иран ќе го врати сообраќајот на комерцијални бродови низ Ормускиот теснец на нивоата пред војната во рок од еден месец, додека САД ќе ги повлечат воените сили од околината на Иран и ќе ја укинат поморската блокада.

Државната телевизија соопшти дека рамката, која ги исклучува воените бродови и предвидува Иран да управува со сообраќајот низ теснецот во соработка со Оман, сè уште не е финализирана и дека Техеран нема да преземе никакви чекори без „опиплива проверка“. Се додава дека конечниот договор, доколку се постигне во рок од 60 дена, би можел да биде одобрен како обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Наводниот меморандум за разбирање меѓу САД и Иран произлегува од индиректните преговори започнати по почетокот на војната во февруари оваа година. Пакистан игра централна посредничка улога меѓу Техеран и Вашингтон.

Војната почна по ненајавената агресија на САД и Израел врз Иран претходно оваа година. Тоа го попречи превозот во Персискиот Залив и ирански напади врз позициите на американските сили во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ