четврток, 30 април 2026

ФБИ: Бројот на убиства во САД минатата година порасна за 30 отсто, тоа е најголемиот скок досега

Објавено на

часот

Сподели

Низа големи американски градови известија за пораст на убиствата минатата година, но податоците на ФБИ ја даваат првата слика на сојузно ниво.

Тоа е најголемиот пораст на бројот на убиствата откако ФБИ во 1960-тите почнало да ги собира податоците, но вкупниот број сепак е помал од оној во 1980-тите.

Бројот на убиствата лани нагло пораснал во јуни и иако ниеден дел од САД не бил поштеден, јужната држава Луизијана и понатаму имала највисока стапка на убиства во земјата.

Во извештајот на ФБИ се наведува дека 77 отсто од убиствата во 2020 биле извршени со огнено оружје, а во претходната година биле 74 отсто.

Експертите не дале јасно објаснување за минатогодишниот пораст на бројот на убиства, но ги истакнаа дестабилизирачките последици на пандемијата на коронавирусот и порастот на продажбата на огнено оружје.

ФБИ наведува дека податоците ги собрале од 16.000 сојузни, државни, окружни, градски и универзитетски агенции.

Федералното истражно биро сè уште не ја објавило статистиката за 2021 година, но податоците од неколку големи градови покажуваат дека стапката на убиства не паѓа.

Податоците на Светската банка покажуваат дека во САД во 2018 година имало 6,5 убиства на 100.000 жители, во Мексико 35, во Бразил 27, во Русија 8 и едно на 100.000 во Франција и Германија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ