среда, 27 мај 2026

Американски воени авиони го напуштаат Израел

Соединетите Американски Држави го информирале Израел за намера да ги повлечат сите свои воени авиони од аеродромот Бен Гурион во близина на Тел Авив во случај на потпишување договор со Иран. Оваа информација ја објави израелскиот Канал 12.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според извештајот, „американската флота ќе биде евакуирана во рок од 72 часа во базите во Европа, а авионите ќе бидат ставени во состојба на готовност да се вратат на аеродромот Бен Гурион доколку продолжат борбите со Иран“. Засега нема официјален коментар од израелските или американските власти за овие тврдења.

Извештајот доаѓа откако израелските цивилни авиокомпании неодамна се пожалија на големиот број американски воени авиони на аеродромот. Во последните недели, израелските медиуми објавија фотографии од десетици американски воени авиони за полнење гориво во воздух стационирани во Бен Гурион.

Канал 12 објави и дека министерката за транспорт Мири Регев неодамна испратила итно писмо до премиерот Бенџамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац. Во писмото таа побарала итно отстранување на американските авиони за полнење гориво од аеродромот Бен Гурион.

Регев во писмото наведува дека присуството на авионот предизвикува „сериозна штета на цивилните операции на аеродромот“, особено во време кога странските авиокомпании почнуваат да се враќаат во Израел.

Овие настани се случуваат во контекст на дипломатскиот процес меѓу Вашингтон и Техеран, со посредство на Пакистан. Целта е да се стави крај на војната која почна на 28 февруари со американските и израелски нападите врз Иран, проследени со иранска одмазда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ