петок, 24 април 2026

Вујовиќ: Во Вардар не смее да има просечност, додека сум јас тренер сите мора да оставаат срце на терен

Објавено на

часот

Сподели

Вардар со нов тренер и надеж за подобра сезона во Европа ги почнува новите подготовки. Веселин Вујовиќ има посебни емоции кон македонскиот тим.
 
„Сите очекуваат од Вардар да се впушти по трофеите, а ни јас како тренер, а ни македонската јавност не се задоволува со просечност. Така да, може да ме мразат, може да ме сакаат, но додека сум тренер сите мора – срце на терен да остават! Вчера имав состанок со претседателот објасни каква е ситуацијата и случувањата со ЕХФ за плаќањето на депозитот и моите информации се дека денеска сѐ е решено позитивно, така да тоа е олеснување и за мене и за играчите“, вели Вујовиќ.
 
„Се надевам дека играчите ќе ја оправдаат довербата, а ќе видиме дали ќе има уште некое засилување. Засега не може да ја користиме салата, претопло е и не е хумано да се трча и да се тренира тука. На Златибор ќе биде полесно“.
 
Единствениот кој ќе недостасува на подготовките е Шпанецот, Гурбиндо кој со Шпанија ќе настапи на Олимписките игри во Токио.
 
Од денеска до 19. јули екипата ќе биде во Скопје, а потоа подготовките ќе продолжат во Златибор, Србија кадед ќе се остане десет дена.
 
Вардар за 11 август го има првиот тест со Еурофарм Пелистер, па следи струшкиот турнир, а потоа и Хумел Купот во Германија, пред да продолжи четвртфиналето во СЕХА кон крајот на идниот месец за место на завршниот фајнлфор во Задар од 3 до 5 септември.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ