петок, 1 мај 2026

Вујовиќ: Кил не е во најдобра форма и им фалат некои играчи, но тоа ни создава товар

Објавено на

часот

Сподели

По поразите од Монпелје и Алборг, Вардар во среда од 20:45 часот го пречекува Кил во нов меч од Лигата на шампионите.
 
Кил по пораз од Магдебург доаѓа во Скопје, а поради повреди не можат да сметаат на неколку важни играчи. Но, Вујовиќ смета дека тоа може само дополнително да го оптовари Вардар со притисок, тој го преферира Кил во најсилен состав.
 
„Кил доаѓа во едeн момент кога не е во најдобра форма и има неколку играчи кои не се во составот. Нас тоа нѐ оптоварува по малку, јас сакам Кил да дојде комплетен па Вардар да го покаже својот квалитет.  Без оглед што има најави дека нема да дојдат Сагосен и Вајнхолд, тие можат да победат која било екипа од Европа и во тој состав. Кој ќе доаѓа, кој не, со тоа не можеме да калкулираме. Најважно е Вардар да одигра добар натпревар, да го покаже својот квалитет, а крајниот резултат ќе го видиме кога ќе заврши натпреварот“, изјави Вујовиќ.
 
„Го победивме Алборг финалист од последниот фајнал-фор, го победивме Мешков, освоивме бод со Елверум, кој се покажа многу опасна екипа и не би смееле да дозволиме ни јас како тренер ни Вардар како клуб да има во својата историја да врзе четири-пет порази. Тоа не го прават големите екипи и ние оваа серија порази ќе ја прекинеме. Дали ќе биде Кил или Сегед,  важно нашиот квалитет и нашата емоција, нема да дозволи да продолжи. На крајот на краиштата имаме екипа со многу победници и ќе дадеме се од семе да победиме в среда со Кил. Мислам дека луѓето кои не следат ќе ја препознаат нашата желба, јас само барам да имаат малку трпение. Јас само сакам Вардар да биде еден стабилен тим, да моќеме да сметаме на победи против силни противници и така чекор по чекор, за неколку години Вардар повторно да биде учесник на Ф4“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ