Данска во финалето влезе како акатуелен олимписки шампион, но не успеа да ја одбрани круната, Французите повторно им се враќаат на трофеите.
Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов го судеа големото финале и одлично си ја завршија задачата.
Франција водеше речиси во текот на целиот натпревар, Данска на крајот успеа да дојде до еден негатива, а во последните секунди имаше и напад за израмнување, но ја загубија топката, а Фабрегас во последните секунди погоди за победа од 25-23 за Французите и големо славје.
Ремили за Франција поститигна пет гола, по три реализираа Мем и Деска, најефикасен на натпреварот беше Микел Хансен со девет голови.
Бронзата ја освои Шпанија која го совлада Египет со 33:31.






