Вардар се покажа во подобро издание отколку на дуелот со Монпелје, но тоа не беше доволно да се изненади Алборг.
Алборг почна фуриозно, со водство од 3-0, но Вардае се врати, дури во два наврати имаше и водство, но во финишот данскиот тим повторно успеа да се одлепи на три гола разлика, на одморот се замина со 16-13. Во првите 30 минути свое шоу имаше Дибиров кој постигна дури девет голови.
Во вториот дел Вардар повторно почна лошо, Алборг направи серија од 5-1, се одлепи на седум голови разлика. Македонскиот тим во финишот дојде до минус два, но немаш сили за повеќе. На крајот Алборг победи со 33-29.
Дибиров остана на тие девет гола од првото полувреме, Кевин Њокас реализираше седум. Кај Алборг најдобар беше Палмарсон со девет гола.
Во следниот меч Вардар на свој терен го пречекува Кил, мечот се игра на 27 октомври.






