среда, 13 мај 2026

Радовиш повторно ќе дише во ритамот на борењето

На 30 мај, градот ќе биде домаќин на јубилејното 50. издание на меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“, настан што со децении е симбол на традиција, шампионски дух и спортска гордост.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во организација на Боречката федерација на Македонија, Општина Радовиш и Боречкиот клуб Бучим, годинашниот турнир ќе донесе натпреварувачи и гости од повеќе земји, а Радовиш повторно ќе стане место каде се среќаваат спортот, емоцијата и големата боречка традиција.

„Македонски бисер“ не е само турнир, тоа е приказна што трае 50 години. Приказна за генерации борци, за полни трибини, за спортски херои и моменти што остануваат засекогаш запаметени. А кога се зборува за македонското борење, невозможно е да не се спомене и Могамед Ибрагимов, човекот кој со бронзениот медал на Олимписките игри во Сиднеј 2000 го донесе првиот олимписки медал за Македонија како независна држава.

Денес Ибрагимов ја продолжува шампионската приказна како спортски директор на Боречкиот клуб Бучим чија богатата историја е обележана и со врвните успеси од првите години на независноста, кога БК Бучим во 1995 година се искачи на светскиот, а во 1996 година и на европскиот боречки врв, оставајќи траен белег во македонскиот спорт.

Овогодишното, јубилејно издание на „Македонски бисер“ ќе обедини врвни домашни и меѓународни натпреварувачи во повеќе боречки категории и дисциплини, носејќи квалитетна и динамична спортска програма во текот на целиот ден. Турнирот ќе понуди натпревари на високо натпреварувачко ниво, со учество на искусни борачи, млади таленти и репрезентативци од повеќе земји, потврдувајќи го статусот на „Македонски бисер“ како еден од најзначајните боречки настани во регионот.

????????????????????????????????????

Повеќе информации за учесниците, програмата и дополнителните активности ќе бидат објавени наскоро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ