четврток, 30 април 2026

Проблеми за Формула 1, може да биде откажана и трета трка по ред

По откажувањето на трките во Саудиска Арабија и Бахреин поради политичката ситуација, можно е да нема Формула 1 и во Мајами, но од сосема други причини.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Временските услови кои се најавуваат за престојниот викенд во Мајами се причината поради која се загрижени навивачите, возачите, тимовите и организаторот.

По принудната пауза на сезоната фановите се надеваа дека конечно ќе видат трка од Формула 1, но сега се пишува дека и таа е неизвесна.

Најавени се временски неприлики воФЛорида за време на викендот, обилен дожд, силни грмежи, големо невреме.

Главната причина за загриженост е најавениот интензитет на дожд поради кои нема да може да полета медицинскиот хеликоптер кој е еден од гарантите за зголемување на безбедноста на трката.

ФИА строго се придржува до правилата и нема да ризикува со одржување на трката доколку на располагање не може да го има и хеликоптерот за итна помош без разлика што тој ретко се употребува.

Фановите се надеваат дека ова црно сценарио нема да се оствари и трка во Мајами ќе има.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ