петок, 18 април 2025

Пандев, Најдоски, Христов, Шаќири… познато кои макeдонски легенди ќе играат за Кочани

Фудбалската федерација на Македонија потврди дека ќе биде одигран хуманитарен натпревар во Варна, легендите на Бугарија и Македонија ќе играат за настраданите во пожарот во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

Големата трагедија во Кочани која одзеде 61 живот го обедини регионот, па откако Вардар и Црвена звезда договорија пријателски меч во Скопје, пристигна потврда за уште еден хуманитарен натпревар.

Славната генерација на Бугарија од Светското првенство во 1994, преку својата фондација „Национални 94“ организира натпревар помеѓу легендите на Бугарија и Македонија.

Горан Пандев ќе биде капитен на „црвено-жолтите“, а во составот ќе има и имиња како Илија Најдоски, Канатларовски, Мицевски, Марковски, Станковски, Мемеди, Бошковски, Агим Ибраими, Христов и Шаќири.

Христо Стоичков ќе ја предводи Бугарија, а во тимот ќе бидат и Борислав Михајлов, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Сираков, Јорданов, Генчев, Красимир Балаков, од помладата генерација Валери Божинов.

Хуманитарниот натпревар ќе се одигра во Варна на 27. април со почеток во 17 часот, влезницата е 15 лева, а сите собрани средства ќе бидат донирани за настраданите во трагедијата во Кочани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ