четврток, 16 април 2026

Инфантино нема дилеми, сигурен е дека Иран ќе учествува на Светското првенство

Поради актуелната војна меѓу Иран од едната страна и САД и Израел од другата страна, неизвесно е учеството на Иранците на Светското првенство кое ќе се одржи ова лето.

Објавено на

часот

Сподели

Но, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, говорејќи на форумот „Инвестирај во Америка“ на „ЦНБАС“ изрази силна верба дека Иран ќе игра на Мундијалот.

„Иранската репрезентација сигурно доаѓа, да“, изјави Инфантино.

„Се надеваме дека дотогаш, секако, ситуацијата ќе биде мирна. Како што реков, тоа сигурно би помогнало. Но, Иран мора да дојде. Се разбира, тие го претставуваат својот народ. Се пласираа. Играчите сакаат да играат.“

Инфантино пред две недели во Анталија се сретна со репрезентацијата на Иран, а во средата изјави дека останал импресиониран од тоа што го видел.

„Отидов да ги видам. Всушност се прилично добар тим и навистина сакаат да играат и треба да играат. Спортот сега треба да биде надвор од политиката“, додаде првиот човек на ФИФА.

Истовремено, тој призна дека раздвојувањето на спортот и политиката не е секогаш возможно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ