четврток, 16 април 2026

Поранешниот шпански судија удри по колегата Винчиќ: Го уништи натпреварот

Реал Мадрид е елиминиран од Лигата на шампионите по поразот од Баерн Минхен (4-3), со вкупни 6-4 за германскиот тим, а натпреварот го одбележа спорниот црвен картон за Едуардо Камавинга во самиот финиш.

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката на судијата Славко Винчиќ предизвика бурни реакции, а меѓу најгласните беше поранешниот арбитар Матеу Лахоз.

Судијата Винчиќ направи огромна грешка. Го загуби фокусот, никогаш не сум видел вакво нешто. Јасно видливо беше дека судијата беше деконцентриран. Потегот на Камавинга можеби беше за прв жолт картон, ама дефинитивно не беше за втор. Судијата го загуби компасот во менаџирањето со картоните, а тоа максимално ги здрма играчите на Реал. Неговото менаџирање беше прелошо, не сум видел судија да биде толку неконзистентен досега, застрашувачки е. Тој инцидент не е за црвен картон во никакви услови, Винчиќ се загуби водејќи го мечот. Нема логика судија кој е делегиран за четвртфинале да менаџира така со картоните, го уништи натпреварот“, изјави Лахоз.

И покрај контроверзиите, Баерн Минхен продолжува во полуфиналето каде ќе се соочи со Пари Сен Жермен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ